Добра вест: Велигден е набрзо, на 16 април! Покрај тоа што се веселиме за празникот, имаме и доста работа околу припремите во домот – па нели го чекаме цела година!
Доколку барате инспирација како да ги изложите овогодишните велигденски јајца, погледнете ги овие наједноставни идеи, кои заедно со вашите деца можете да ги направите. Декорирањето никогаш не било полесно, креативно и забавно!