Дијамантите се можеби најдобри пријатели на жената, но цената на овој прекрасен драг камен, дефинитивно е нивниот најлош непријател. Овој 59.6-каратен дијамантски прстен кој го доби името “Pink Star”, според пишувањето на Forbes, е најголемиот розе дијамант, било кога стигнат во Gemological Institute of America. Во 2013, неговата вредност била проценета на рекордни 83 милони долари.
Аукцијската куќа Sotheby’s го купила овој редок розе дијамант, а неговата вредност на пазарот денес, изнесува 72 милиони долари. За сега, 14.62 – каратниот син дијамант го држи рекордот како најскап дијамант продаден на укција, за дури 57.5 милони долари во 2016 година. И сега Sotheby’s очекува да се сруши тој рекорд…..