Ако мислевте дека е невозможно да се биде дел од урбаниот живот и од природата истовремено, оваа куќа ќе ви го докаже спротивното. Станува збор за идеја на архитектот Зоран Бодрожиќ кој проектираше модерна куќа сместена на врвот на планината Pötzleinsdorfer во Виена. Куќата нуди преубав поглед кон Виена, а во исто време и глетки кон прекрасно зелено опкружување. Однадвор, куќата е целата со стакло, а ентериерот е модерен и минималистички. Преовладуваат црна, сива и бела боја надополнети со дрвени сегменти. Куќата е опремена со елегантни дизајнерски парчиња мебел што дополнително го оплеменува големиот простор како во ентериерот, така и во надворешниот дел. Погледнете во продолжение.