Француска ренесанса во срцето на Далас!
Оваа величенствена вила во Далас, дефинитивно е дел од нечии соништа и сигурни сме дека многумина би сакале да ја поседуваат.
Таа чини 27.5 милиони долари, со 2.000 m2 простор, седум спални соби, 14 купатила, и со прекрасна атмосфера во секој агол на домот.
Креирана е во шармантен стил на франсуската ренесанса во 1999 година, во најубавиот посед на Далас, па така има и свое приватно езеро, куќа за чуварот и одвоена куќа за гости.
Дизајнирана од познатиот архитект Piter Marino, оваа вила има класична елеганција со автентични детали и модерен луксуз. Од драматичното фоаје и салата за прием, до прекрасната овална соба, солариум, библиотекa, дневна соба и трепезарија – секој детал на оваа вила е добро осмислен со врвна изработка.