Француското уметничко дуо Zim и Zou е познато по креативноста.
Неодамна, ова уметничко дуо го изработи еклектичниот излог во Дубаи за брендот Hermes, употребувајќи необочни инсекти и птици направени од кожа.
А сега, претставија уште еден интересен излог за овој бренд наречен Forest Folks, кој се состои од мали ликови и луксузни парчиња кои живет во заедница.
Овој нереален излог е дел од новата продавнивца на Hermes во Дубаи. Рачно изработен, излогот претставуува флора и фауна, која е изработена во вид на деликатна уметност од хартија. Едниот излог претставува мотив на село од печурки, додека на другиот се наоѓа цвеќето.
Детално изработени до перфекција, нивните минијатури се директно поврзани со изгледот на билките и другите шарени форми. Овие излози го привлекуваат вниманието на сите минувачи.
Hermes брендот е познат по претставување на прекрасните визуелни излози.