Современите уметници открија дека street art-от не е само визуелна уметност, туку може да стане и тактилна – мека и глатка на допир. Графитите направени од мов („Moss graffiti“) се апсолутно еколошки по прифатени, не содржат никакви аеросоли како бои и се што им треба е малку вода за да растат. Мовта се залева со благо шприцање на водата – на почетокот секој ден, а по три месеци доволно е еднаш до два пати во месецот.
Денес во нашата галерија ви прикажуваме сликовит рецепт како да направите свој личен графит, направен од мов. Секако морате да имате на ум да го изберете вистинско место за него – да не го прогласат за вандализам.
За графит од мов ви е потребно:
3 шољи мов, измиен и чист
2 шољи обичен јогурт
2 шољи вода или пиво
пола лажиче шеќер
пченкарен сируп – по ваш избор
и блендер кој нема да сакате да го употребите после овие сосотојки!