На сите добро ни е позната методата на боење на велигденските јајца со купена боја која ја мешаме со оцет, кога домот добива специфичен мирис или пак декорирање со оние налепници кои обично не излагаат најуспешни. Се е тоа убаво ама е веќе видено, како од минатиот век а и не е многу креативно.
Велигден е совршено време да ја пуштите својата креаивност од ланците. Ние сме тука да ви помогнеме малку со почетните идеи – затоа погледнете ја нашата галерија, како поинаку да ги обоите и украсите овогодишните велигденски јајца.