Овој извонреден луксуз чини 11 милиони долари, а се наоѓа во Connecticut. Станува збор за приватно острво кое има базен, голема куќа, дури и топ!
Островот со големина од 3 и пол хектари, некогаш му припаѓал на Billy Rose , па таму летувала и Marylin Monroe, а денес е едно од најатрактивните земјишта на пазарот. Освен куќата, има и три плажи, мини пристаниште за повеќе бродови, колиба, куќа за чамци…а сето ова е изградено околу 1900-тите години. Куќата има 6 спални соби, уредени во Tudor стилот.
Бидејќи островото има добра конекција со брегот, сопственикот на островото може преку цела година да живее и престојува на него. Всушност, се наоѓа само на еден час одалеченост од Midtown New York. Земајќи го во предвид популарното минато, сопствениците и ексклузивноста, ова земјиште има предзнаk “единствено”!