Добриот сон е единствениот тренд околу кој дури и вечно спротивставените страни – докторите и гуруата се согласуваат. Тоа подразбира 7-8 часови постојан сон на ден.
Дека то навистина треба да се придржуваме докажаа и бројните истражувања, која сугерираат дека пореметување на споењето, можат да го зголемат ризикот од кардиоваскуларните болести, висок крвенпритисок, неправилна работа на срцето, мозочен удар и метаболички проблеми како зголемено ниво на холестерол, дијабетес, но и хроничен замор.
Како до квалитетен сон?
Пред одење на спиење, треба да ги избегнувате спортските и работните активности, употребата на телефонот или таблетот, затоа што тие доведуваат до будење. Избегнувајте и тешка храна, никотин и алкохол, а слободно испијте чај од валеријана.
Клучот за постигнување на здрав циклус на спиење, подразбира престој на отворено пред спиење, но и станување во одредено време за викендите.
Исто така, препорачливо е и “дремење” после ручек, не подолго од 20-тина минути, зошто во спротивно, ќе заспиете во подлабока фаза на сонот и ќе се чувствувате позаморно.