Пролетта е идеално место за патување. Зошто? Доволно е да погледнете низ прозорот и се ќе ви стане јасно. Било да барате уметност, култура или авантура, или пак уживање во храна и пијалоци, ние во продолжение ви предлагаме три прекрасни Европски локации кои оваа пролет ќе бидат попопуларнни од било кога.
БУДИМПЕШТА, УНГАРИЈА
Кога само еднаш ќе ја видите ќе сфатите зошто е еден од најубавите градови на Европа. Дворци, згради, мостови,….Архитектурата на градот е неверојатна, а пролетта е совршено време да ја разгледате Будимпешта. Најдобро од се? Се уште е ефтина, според тоа можете да си дозволите да ги пробате сите нивни специјалитети и да купите сувенири за членовите на семејството.
ДУОРО ВАЛИ, ПОРТУГАЛИЈА
Douro Valley е можеби и најпотценет вински регион во светот (а можеби и најубав). Северниот дел од Португалија е одалечен се на се 1 час возење од Порто, а познато е дека Порто е најубав на пролет. Ако живеете за дегустација на вино и прошетки по виногради, учење за виното и престој во природа – Португалија е дестинација за вас.
СИЦИЛИЈА , ИТАЛИЈА
Италија на лето звучи романтично, но реално кажано, тогаш е преполна со туристи. Хотелите се полни, а редот за сладолед се мери во десетици метри. Токму затоа, ви предлагаме да го посетите овој величествен остров, пред почетокот на сезоната. Преплет на култури, архитектура и кујна, нема да ве остави рамнодушни. Се чувствува силно влијание на Грчката, Арапската и Шпанската култура, а Сицилија нуди и возбудливи активности како посета на вулканите или ронење.