Christian Louboutin ја лансираше колекцијата за пролет/лето 2017, со кампањата под името‘Ruby Tuesday’. Уште на прв поглед ни е јасно дека познатиот дизајнер инспирацијата ја има најдено во забавните 60-ти од минатиот век.
Еклектичната колекција содржи модели на кои влијание имаа модернистите, но и rock ‘n’ roll стилот на The Rolling Stones. Во новата сезона се носат ралични чевли – од салонки на подебела пета, па се до едноставни сандали и кожни балетанки. Што се однесува до торбите големите клач модели и мини торбички како на пример ‘Paloma’ моделот, секако се во прв план. Во нашата галерија откријте ја новата колекција на Louboutin, можеби и вас ќе ве инспира во одбирањето на сопствени модни додатоци.