Со поглед од 360 степени на мадридскиот урбан пејсаж, локалното дизајнерско студио i Arquitectura го дизајнираше овој двокатен стан во самото срце на градот. Резиденцијата под името “A Chalet in Madrid’s Sky”, на терасата има инсталиран базен кој потсетува на оние во американските мотели. Проектот бил замислен така да руралниот начин на живот се приближи кон урбаниот.
Самиот стан има околу 80 квадратни метри и поголемиот дел од ‘поважните’ простории се наоѓаат на долниот спрат. Дневниот престој има мермерен камин, кујна со надворешен простор за јадење, како и поголема спална соба со гаредробер и излез на тераса, со совршен поглед кон градот.
Ова е место за медитација, размислување и на сопствениците им дава простор за уживање во мадридската панорама.