Ако не прашувате нас, кое е тоа парче од облеката кое ќе биде апсолутен хит меѓу трендсетерите и модните стручни лица за пролет 2017, одговорот без размислување би бил – бомбер јакна!
Бомбер јакната или како многумина ја нарекуваат пилотска јакна, е модел на кратка јакна која својата популарност ја стекна во 80-тите години, а во последно време владее со модната сцена, а со самото тоа и во сите наши дуќани за мода. Изгледаат прилично кежуал, неоптеретено и едноставно го имаат оној кул ефект, кој се трудиме секогаш да го постигнеме.