Нискиот плафон може да допринесе да се чувствувате заробено и притиснато во просторијата, но често пати не постојат услови за поголеми промени во ентериерот. Меѓутоа, со неколку интервенции можете да ја смените реалноста и да создадете впечаток на поголема висина, без да го реновирате полафонот.
Откријте ги овие 10 елементи, со кои можете да интервенирате во ентериерот, така да малитот простор изгледа пријатен и поотворен.
1. Полици
Користејќи отворени полици кои се протегаат до плафонот, го одвлекувате погледот нагоре и креирате илузија на висина.
2. Плакари во кујната
Најдобар начин како вашата кујна да изгледа поголема е да се постават плакарите во кујната до плафонот. Дури и да не ги користите, естетскиот ефект ќе биде вреден на инвестицијата.
3. Кречење
Со фарбањето на sидовите и плафоните во иста боја, се губи јасната линија каде sидовите завршуваат и каде почнува плафонот. Доколку сметате дека дека бојата на sидовите е премногу темна за плафонот, осветлете ја за 50% и нанесете ја на плафон.
4. Завеси
Зкачете ја завесата директно на плафонот, а вертикалните набори додатно ќе ја нагласат висината.
5. Огледала
Користете големи огледала каде е тоа возможно. Со помош на големите огледала, ќе внесете повеќе светлина и ќе создадете илузија на поголем простор.
6. Низок мебел
Просторијата со низок плафон, уредете ја со низок мебел, на пример со софи и фотељи со ниски наслони.
7. Вертикални sидни лампи
Според самата форма на лампите кои ја нагласуваат вертикалата и светлната која ламбата ја фрла на горе и на доле, ќе ги залаже очите и ќе направи просторијата да изгледа повисока.
8. Средете го нередот
Избегнувајте натрупување работи и мебел во просториите со ниски плафони, затоа што тоа само ќе го потенцира чувството на заробеност.
9. Вертикална декорација на sидот
Бидете одважни и украсете го sидот со тапет во вертикални линии или рециклирани дрвени летви, поставени вертикално.
10. Врата
Еден од најефктините начини просторот да делува поотворен и повисок е да вградите висока врата и да го проширите преминот помеѓу просториите. Сличен ефект можете да постигнете и со прозори над вратата.