Невозможните нешта се невозможни се’ додека не станат возможни.
– Вера Калинн
Што добиваме кога ќе ставиме во комбинација млад дух, истражувачки ентузијазам, ведрина, храброст и доследност на пасијата да се пишува, но – да се пишува добро, да се пишува вонвременски; и да се постигне едно вкоричено дело за кое сите велат дека такво нешто досега се нема појавено на македонската книжевна сцена од млад автор? Во најмала рака, се добива награда за најчитан автор на годината, која НУБ ја доделува секоја година! Вера Калинн, која на јавноста ѝ е позната и како Верче Карафилоска (како што и впрочем е потпишана на нејзиното првенче „Бездомникот со златен часовник“), ја добива оваа награда за горе-споменатата книга, како најчитан автор во 2016 година.
„Решив да не ги следам сите тие туѓи приказни и, некако, многу лесно го поминав патот.“, изјавува добитничката на оваа престижна награда. Со целосна поддршка од нејзината матична издавачка куќа „Матица“, Вера вели дека истите, „овозможувајќи ми маркетинг и промоција досега невидени, е делумно заслужна што им помогна на сите тие читатели да станат свесни за моето дело. Понатаму се’ останато беше работа на читателите.“
За оние кои се’ уште го немаат прочитано романот, најискрено им го препорачуваме. За оние кои се’ уште не ја познаваат Вера лично, доволно е да прочитаат што таа вели за писателот, затоа што таа маестрално успева да биде таков репрезент.