Сигурно ги знаете сите вежби за одржувањето на интелегенцијата и меморијата во топ форма, но дали сте знаеле дека тајната на долг и среќен живот можеби се наоѓа во броевите 5,3 и 1? Истражувањата покажаа дека со само неколку минути дневно медитација и благодарност, можете да ја зголемите енергијата, редуцирате стресот и да ја поправите можноста за донесување на брзи и одлични одлуки. Во продолжение прочитајте што треба да направите за да ја искористите оваа моќ на овие три волшебни броја….
Медитирајте 5 минути секое утро.
Студиите докажаа дека само 5 минути тивка медитација за опуштање, може да да го зголеми протокот на енергијата, да го редуцира стресот и да го зголеми нашето внимание. Не знаете од каде да почнете? Ви предлагаме да ја симнете апликацијата за медитација на својот паметен телефон и само пратете ги упатствата.
Направете листа на 3 добри работи кои ви се случиле во денот.
Ова буквално може да биде било што – сте добиле комплимент од шефот, сте имале супер ручек, сте сретнале стар пријател. Позитивните аспекти од важиот живот, ве прават свесни за се што имате и на што треба да сте благодарни.
Почестете некого со 1 љубезност.
Почестете го колегата од работа со кафе или испратете и порака на вашата сестра “те сакам”. Секако не мора да глумите Мајка Тереза, за да измамите еден осмев на нечие лице.