Уметницата Kat O’Sullivan живеела и живее бурен живот. Работела во пекара и била преведувачка за Maјка Teрeза, а нејзиниот изглед е тешко да се замисли во вообичаена куќа. Kat, или како што уште ја викаат Katwise, е сопственичка на најшераната куќа на свет. Куќата се наоѓа надвор од Woodstock во New York, а сем што е однадвор украсена со боите на виножитото, може да се каже дека ни во ентериерот не недостасува шаренило.
При создавање на оваа куќа и помогнале – како што таа ги нарекува „ниња-вилите“. Куќата има повеќе имиња, но тоа главно е „Calico“, иако се прифатени и „The Rainbow House“ и „House That Sweaters Built“. Секако погледнете ја галеријата, сигурно ќе ви извлече еден насмев на лицето.