Иако со подемот на технологијата потребните вештини кои се бараат од нас се променија, старите добри архитектонски скици се сеуште тука. Сепак, на креативци како архитектите најдобрите идеи им доаѓаат во време кога не се пред компјутер, па вештината да се имплементира идејата на малечко блокче е од есенцијална важност.
Adelina Gareeva како студент по архитектура може и тоа како да се пофали со оваа вештина. На нејзиниот инстаграм профил може да се забележат скици од најпознатите архитектонски дела како парискиот Panthéon, Катедралата на св. Петар и Пол во Казан, Црквата Св. Василиј во Москва, како и нејзини имагинативни скици кои се темелат на единствено на нејзината интерпретација.
Таа во својот профил ги вклучува и брзите скици на историските архитектонски богатства кои ги прави додека патува.