Хотелот “Quadrum” е инспириран од планините кои го обиколуваат и кои потсетуваат на триаголник, но тоа што го прави посебен е дека е составен од транспортни контејнери наредени во обик на пирамида, што нуди одмор кој вклучува скијање и јога – значи совршен одмор.
Архитектите Sandro Ramishvili и Irakli Eristavi се умовите кои стојат зад овој извонреден хотел – изграден во минималистички стил, прилагоден на локалниот терен, каскадно поставен на планината.
“Quadrum” е прв ваков бутик хотел во Гуадури Република Грузија, но секако нема да остане единствен. Ако не прашувате нас, скијањето и јогата никогаш не изгледале попривлечно.