„Пренесување на модата, директно од модната писта во корпата за купување, го означува почетокот на новата ера во модната индуструја, ние ја цениме директната комуникација со купците која ни ја овозможи колекцијата See now, Buy now. Се што не доближува до нашите купци и ја прави модата подостапна, е многу позитивно” – тврди Pernilla Wohlfahrt, главниот дизајнер и креативен директор на H&M.
Мината вечер H&M Studio, ја претстави својата нова модна ревија во Париз со колекцијата See now, Buy now- пролет/лето 2017., инспирирана од силата на љубовта, грациозноста и страста кон балетот која ја опфаќа модата за жените, но, сега по прв пат и за мажите.