Ако сте како нас, ја сакате солта со цело срце. Иако сите знаеме дека солта не е здрава за нашето срце – може ли навистина да е толку лоша за нашето здравје?
Урологот Mehran Movassaghi не потсетува дека храната преполна со натриуми може да доведе до озбилни проблеми, како што е високиот притисок. За среќа, постојат физички знаци кои предупредуваат, дека солта треба да ја исфрлиме од исхраната пред да се појават опасни проблеми (надуеност на телото, главоболка и уста посува од Сахара…).
Пред се, солта дехидрира па така го исфрла телото од рамнотежа. Докоторот Movassaghi објаснува дека тоа е така, затоа што нашето тело не може да ја одржува рамнотежата на течностите и електолитите – кога јадеме премногу сол. Значи ако устата ви е пемногу сува, исхраната со премногу сол е виновникот, а вашата дехридација може да се манифестира во мигрена.