Sakura, односно цветањето на црешите, секогаш е поврзано со Јапонија. Секоја пролет, илјадници луѓе одат на местата каде што цветовите на црешите цветаат со полна сила. Иако овие дрвја изгледаат неверојатно преку ден, убавината на ноќната Sakurа, односно Yozakurа е навистина посебна. Во доцните ноќни часови кога нема многу народ, може мирно да се ужива во величенствената сцена без никакви пречки – и тоа изгледа волшебно!
Веселиот и деликатен цвет на јапонската цреша е еден од најпознатите и највеличенствени, а прошетката под крошните кога се во цветање, нежното паѓање на латиците кои како снегулки летат во воздухот, потсетуваат на сон. Во нашата галерија погледнете неколку прекрасни Yozakur-и.