Само што пред неколку денови ја славеа победата на “Moonlight” во категорија за најдобар филм (Оскар 2017), глумците од овој феноменалниот филм можат да се пофалат со нов одличен ангажман – новата кампања за Calvin Klein Underwear.
Sвездите на филмот Mahershala Ali (кој стана прв муслиман со златна Оскар статуетка во историјата!), Ashton Sanders, Trevante Rhodes и Alex Hibbert се најдоа во улога на манекени во пролетната кампања на Calvin Klein.
Црно-белите фотографи ги потпишува Willy Vanderperre. Згодните момчиња ги започнаа своите први модни чекори заедно, но и секој посебно.