Austin Reed е лондонски моден бренд кој е основан во 1900 година од Mr. Austin Reed.
Денес со преку 70 локации (најголемата во Regent Street, London), тие владеат во модниот свет – секако ако ги прашате мажите кои имаат свој одреден стил, на кои трендовите не им можат ништо. Основана како прва машка модна куќа, со ready-to-wear колекции, кои поседуваат иста експертиза во изработката по мерка (made to measure), овој бренд има многу купувачи низ светот, кои знаат што им треба и што сакаат.
Како што британскиот модел Maks Rogers кој е заштитно лице на брендот, и кој ни ги прикажува нивните троделни одела и елегантните лежерни опции, вклучувајќи кожни јакни и фармерки, тие мажи себе се гледааат во колекциите на овој бренд, на кој му останаа верни, наспроти ширењето на новите модни трендови.