Денес во светот постојат повеќе од 285 милиони слепи или со слаб вид луѓе, на кои животот би можел да им биде подобар, со помош на првиот smartwatch на свет. Јужнокорејското прогамерско студио Dot, го произведе првиот Braillеr-ов паметен рачен часовник, а неговите карактеристики се токму тоа што се очекува од 21 век.
Dot ги прикажува информациите со помош на 4 активни динамички станици кои се користат во Brailler-овото писмо, а корисниците можат да ја изберат брзината која сакаат да ја користат. Dot со smartphon-от се конектира преку Bluetooth (како и било кој друг smartwatch) и може да го прими било кој текст во било која апликација, или било која друга услуга како што е на пример за Google Maps. Корисниците исто така можат да испратат и едноставни пораки со помош на копчињата од страна, а го подржува и отворениот API, што значи дека секој може да ја развие или прилагоди апликацијата за овој паметен часовник.
Dot SmartWatch се развивал три години, а фирмата конечно деновиве ќе го пушти во продажба – наводно еден примерок нарачал и пејачот Stevie Wonder. Цената на овој часовник е 320 долари.