Тешко е да се замисли телефон поквалитетен од култниот Nokia 3310, затоа и не не чуди што цел свет полуде кога разбра дека Nokia го враќа својот носталгичен модел. Претставен на MWC во Барселона, силен, цврст и сигурен, таканаречен “цигла телефон” повторно докажа дека е синоним за неуништив и класичен модел кој (се надеваме) ќе го доживее успешното враќање.
Тешко е да се подобри совршеното, но овој модел се враќа со екран во боја и 2 MP камера. Тенок со шарен дизајн, ќе биде достапен во топла црвена, жолта, темносина и сива боја.
Од Nokiа се фалат дека креирале телефон кој (во stand-by) не морате да го полните месец дена, а време на разговор кое можете без пауза да го направите со него изнесува 22 часа. Телефонот вклучува и приклучок за слушалки, микро USB полнач и нов 2.4″ поларизиран, заоблен екран за подобро читање на сонце.
Новата верзија на култната и носталгична игра “Snake” ќе биде достапна за играње преку Facebook Messenger.