Dolce & Gabbana ja презентираа својата колекција есен/зима 2017 на Миланската недела на модата, со гламурозни модели. Италијанското дизајнерско дуо одбра влијателни луѓе, припадници на кралски фамилии, деца на познати личности и модели за импресивната ревија, која го одушеви цело Милано. Колекцијата со името DGRinascimento, ја носеа девојки од разни раси и големини.
Dolce & Gabbana, во колекцијата внесоа разни животински принтови од класичниот леопард, па се до декорирани тигри и мечки. Женствените силуети од тантела и свила, совршено се вклопија со богато украсените фармерки и графичките маици.
Дури и Justin Bieber се појави на ревијата , но само на белите маици со неговиот лик. Гламурозните изгледи беа финиширани со beanie капите, круни и големи очила.