Дизајнерот на Moschinо – Jeremy Scott за колекцијата есен/зима 2017 се фокусираше на “ѓубрето” и истата ја прикажа на миланската недела на модата.
Американскиот дизајнер ја отвори ревијата со серија на модели инспирирани од картонски кутии и хартиени вреќи. Од фустани налик на вреќи за ѓубре па се до балонери и сетови со јакни и здолништа, женствените силуети ја донесоа елеганцијата на оваа забавна и разиграна тематика на Moschinо.
Scott ги искористил старите новински написи за Moschinо како принт за фустаните, бомбер јакните и капутите во А-крој. Што се однесува до вечерната облека, Moschino жената носи модели инспирирани од домашните работи како на пример – завеси од купатило, теписи и хартии за подароци. По самата ревија, брендот ја откри и “see-now, buy-now” капсула колекцијата, на графички маици, фустани и торби.