Модните додатоци се финалната алка на секоја модна комбинација, затоа бидете спремни за оваа есен, за нај различни парчиња на накит.
Различни бои, материјали, облици, големини и сите варијанти, застапени се во еднаква мерка.
Не постои ни приближно конкретна форма на чанта за која би кажале дека е апсолутен хит на сезоната. Од малите чанти преку рамења, шопер, Биркин, бохо-хипи, писмо, клач па се до најновите чвор-чанти или “Knot”.
Украсена коса во аристократски стил, како во витешкото време во боите на бронза и старо злато.
Вештачкото и вистинското крзно се враќаат.
Брошеви – тие кои изгледаат како од минатото, да потсетуваат на вашите баби, црно-белите филмови и старите стаклени парфеми со пумпица. На својата шапка, капут или сако, ставете брош или брошеви…..за урбани комбинации користете стари беџеви.
И понатаму предимензираниот накит е во мода, од перли до масивните метални ланчиња и чокери. Важно е накитот да личи како од антикварница, изглед како да сте го наследиле а не купиле.