Alessandro Michele инспирацијата за колекцијата Gucci есен/зима 2017. ја пронајде во таканаречената “алхемиска градина”. Модната ревија на првиот ден на миланската модна недела, дишеше со незаменливиот еклектицизам на Alessandro Michele, кој за оваа сезона, тоа го постигна со силни цветни примероци и принтеви од пеперутки и винова лоза.
Колекцијата изобилува со капути со змијски принтеви и тоалети со големи волани. Што се однесува до модните додатоци, Gucci предлага за следната година да вложите во добра шапка за главата, која сем што штити од сонце (со широк обод), секој моден изглед го прави елегантен и комплетен.