“House W” е типична двокатница во Тајпеј, дизајнира пред повеќе од 50 години. Главен проблем на оваа куќа е правоаголниот облик, лошото дневно осветлување, буката од соседството, како и приватниот и сигурносниот ризик. За решение на овие проблеми се погрижи KC Studio, кое одлучи во потполност да ја редизајнира оваа куќа. Сите животни простории се усмерени кон дворот за да ја сочуваат приватноста и сигурноста на домот.
На третиот кат е главната спална соба со тераса која има поглед на градината. За да се подобри влезот на денвната светлина, креиран е стаклен под во средина на атриумот кој овозможува подобро навлегување на сончевата светлина, внатре во самата куќа. Сем тоа, користени се многу стаклени плочи како би се овозможило повеќе амбиентална расвета.