Michael Kors докажа дека постои голема сила и моќ во модата и облеката, на модната ревија прикажана на New York Fashion Week.
За колекцијата есен/зима 2017. американскиот дизајнер се фокусираше на совршено кроени јакни како и драпирани ткаенини, кои на целата приказна и даваат совршен контраст.
Како владетел на неутралните бои, Michael Kors создаде колекција од црни, сиви и беж тонови, но додаде и маслинесто зелена и бордо нијанси. Крзнените капути се истакнаа, посебно комбинирани со тесните фустани и здолништа.