Кога реалноста изгледа подобро од Photoshop!
Неверојатната природа, формата на карпите и летовите на шарените балони, не водат во светот на бајките. Кападокија е старовековен регион кој се наоѓа во внатрешноста на Мала Азија, денешна Турција. Историското име на Кападокија продолжи да се користи во западниот свет и во христијанската религија, посебно во туризмот, како регион кој ги опфаќа извонредните чуда на природата како што се и волшебните оџаците.
Кападокија исто така има богато христијанско, историско и културно наследство – со необичните живеалишта во карпите, близу градот каде се наоѓаат подземни населби од 4. век, но и цркви од византиското време – како и добро сочувани фрески од 7. до 14. век.