Супер моделот Rosie Huntington-Whiteley, во соработка со познатиот бренд за фармерки PAIGE (каде беше неколку години заштитно лице), заеднички ја исфрлија новата колекција, во која Rosie додаде неколку различни категории. Од бомбер јакни па се до фустани и комбинезони, овие парчиња привлекуваат големо внимание. Што се однесува до фармерките – здолништата, панталони и фармерки, тие изгледаат совршено. Во нашата галерија погледнете некои од нашите фаворити од колекцијата!