Замислете како вашата интензивно црвена коса се вее на топлиот ветер, а кога ќе влезете вo просторија која е силно климатизирана, станува црна како гавран. Звучи како магија, зарем не? Но, тоа е реалност.
Lauren Bowker, сопственичка на фирмата The Unseen, ја креираше првата боја на свет која ја менува бојата на вашата коса, зависно од температурата и околината во која се наоѓате. Бојата за коса под име FIRE доаѓа во широк распон, па така варира од силно црвена до суптилни бои. Станува збор за полутрајна боја, која трае само до неколку миења на косата.