Оваа мала слатка куќичка наречена “Sojourn” се наоѓа во идилично селце во Девон, Англија. Претставува место за вистински одмор и романтично прибежиште од урбаната џунгла. Иако селцето е мало, опкружено е со бујна природа и прекрасни мали градини. Викенд-куќата е уредена во рустичен стил со влијание од француската архитектура, со мирен и ненаметлив ентериер во едноставни палети на бои. Најубав дел е малата, скриена градина која нуди спокој за секој што ќе ја посети. Во градината има мал заграден дел за попладневно кафе, чај или летна вечера со најблиските. Иако е мала, куќата сепак изгледа модерно и елегантно. Уживајте во фотографиите во продолжение.