Урбано и cool – Тopshop Inique, секоја сезона ги воодушевува светските трендсетерки!
За колекцијата есен/зима 2017., Topshop Unique ја најде инспирацијата во урбаните патници. Еклектичниот стил оваа сезона ги вклучува трендовите од 90-тите со додаток на античкиот мистицизам. Од графички пуловери па се до опуштени пантолони и cool јакни, овие парчиња се како создадени за сите градски обожавателки на модата, но и многу повеќе од тоа.
Top shop за оваа сезона нуди голем избор на принтеви, од цветни па се до линии и коцки. Пуловерите совршено послужија како слоевити парчиња под долгите капути и лесните фустани. Што се однесува до вечерната облека, едноставните слип фустани и парчињата со високи изрези владеат со оваа колекција.