Големите семејства обично имаат повеќе од еден автомобил – еден мал за возење по градот и еден голем во кој ќе го собере целото семејство. Но, за сите останати кои не можат да си дозволат финансиски два автомобила, постои фантастично решение кое се уште е само идеја, но со потенцијална иднина.
Автомобилскиот концепт кој го осмисли германскиот студент по автомобилски дизајн Kenan Haliloglu по име “Split&Go”, изгеда како конвенционално комбе кое може да го поделите и претворете во мал двосед за градска употреба. Навистина генијално решение и совршен за сите ситуации, од патување па се до извршување на секојдневните задачи.