Дали понекогаш сте посакале супердроидите од Војна на sвездте да се реалност? Мулти-функционалниот R2-D2, да ви поправи се што е потребно и да ги извршува работите наместо вас или уште подобро, сферниот BB-8 кој би ги извршувал работите со едно движење? Не барајте понатаму!
“Gita” е самостоен робот дизајниран од Piaggio Fast Forwarda (PFF), кој може да ви послужи како лична помош. Во голема мера е дизајниран да биде независен, па така можете да одите во супер маркет, ја направите набавката, а тој сам ќе го најде патот назад до домот. Gita може да ви помогне да ги прошетате кучињата и да носи потешки материјали. Gita е корисен и за испорака на писма и пакети – овој робот може да носи повеќе работи од поштарот и побрзо.
Gita функционира со помош на вертикални ротирачки осовински тркала, што значи дека фиоките секогаш стојат исправено, затоа што тркалата сами се вртат и така внимателно ја штитат соджрината.