Ако некогаш сте размислувале за живот на село како во бајка, тогаш посетете го Giethoorn, попознато каko Холандска Венеција, кое настанало во далечната 1230 година и од тогаш нема ниту еден пат. Giethoorn е село во холанската покараина Overijssel, кое се наоѓа во општината Steenwijkerland. Стана познато по 1958 година, кога холандскиот режисер Bert Haanstra, таму ја снимаше својата позната комедија “Fanfare“.
Во селото не постојат патишта ниту било каков превоз сем по канали – има 176 мостови кои го поврзуваат селото. Во селото е исклучително мирно, без било каква бука. Дури и нивната службена страна вели дека “најгласниот звук кој можете да го слушнете, се гласовите на патките и останатите птици.” Можете да изнајмите чамец или да уживате во многубројните локални бистроа.