Овој скап стан се изјнајмува за околку 120.000 евра месечно. Апартманот се наоѓа во ексклузивниот Chelsea, а направен е во некогашната викторијанска болница.
Станот има 720 метри квадратни и можеби е најголемиот стан во Лондон. Го завзема целиот спрат на поранешната болница и е еден од најбараните луксузни сместувалишта во овој дел од градот. Има осум спални соби и исто толку соби за гости. Купатилата се 9 на број, а најголемото има под од бел мермер.
Идниот станар може да ужива во сопствен базен, спа и плакар за чевли, каде можат да се сместат 500-тина пара. Сопственикот може да го паркира автомобилот во поземната гаража, а целиот објект има 24 часа заштита. Исто така, сопственикот има поглед на плафоните од 24-каратно злато. Без разлика на овие златни површини, станот изгледа елегантно и профинето.