Исто како што е најлуксузен бренд на автомобили на светот – Bentley, воопшто не не чуди и фактот дека има подеднакво скапи мириси за мажите. По Bentley for Men и Bentley Infinite, стигна и Bentley Momentum – трет по ред мирис на луксузниот автомобилски бренд. Претставен како моќен, мажевен, модерен и елегантен, направен токму за таков тип на мажи.
Пратејќи ги најголемите стандарди на Bentley автомобилот, новата напредна формула е составена од реномирани мајстори на парфеми и доаѓа во две варијанти – едната посвежа и ароматична а другата во посилна, дрвенеста. Со други зборови, Bentley Momentum Eau de Toilette има и своја вечерна, интензивна варијанта, а тоа е Bentley Momentum Intense Eau de Parfum.