Oваа елегантна куќа во Франција од 50-тите години, реновирана е од дизајнерката на ентериери Sara Lavoine, која создаде преубаво изненадување! Силни бои, важни детали и семеен дух, прават оваа куќа да ја разбуди желбата во нас….да останете тука засекогаш!
Сомотската палета на сината и зелената, внесува хармонија во големиот дневен простор со големи прозори, продолжувајќи надвор кон терасата. Внатре атмосферата е удобна , со поставените софи од сомот (Caravane) и масата за кафе од полно дрво (Sempre). Присутен е старинскиот допир од педесетите, кој се вклопува со модерните елементи. Фотељата со зелените сомотски перничиња и ламбата “Tri Pole”, даваат посебен ефект. На полицата до прозорот се наоѓа оригинално издание на ламбата Gae Aulenti.
Дрвената маса во трпезаријата (Heerenhuis) спремна е да ги прими членовите на семејството како и гостите. Свеќниците (Sarah Lavoine заLa Redoute) и шарената столица од Charlotte Perriand, се убаво вклопени со триколорните лустери од перфориран метал од Mathieu Mategot. На sидот може да се види огледало “Tania”, чиј автор е Hubert le Gall. Дрвента подна ламба “Architecte” (Editions Florence Lopez) убаво го пополнува просторот. На модерен начин, кујната изгледа како да нема изминато ниту еден ден од кога е направена, уште од 1956 година.
Библиотеката – читална е во потполност обложена со бука. Викторијанската маса и 4 црни плетени столици се поставени спроти каучот. Големите прозори го внесуваат дневното светло и создаваат идеален амбиент за читање и опуштање.
Во спалната соба за гости е користена бојата за sидови “Menthe”, која ги истакнува ноќните ламби во црна боја – Gras, како и малите ноќни масички (Red Edition од Atelier 159). На sидот има фотографија од Valérie Knight, која ја внесува богатата природа во ентериерот и асоцира на престој на отворено.
Во марокански стил, собата на ќерката-тинејџерка, повикува на журки со пријателите, со каучот-креветите покриени со платно (Caravane et Merci), столицата, старинските лустери, црвените ролетни (Elitis) и лични фотографии.
Купатилото е покриено со дабови даски, комплетно, на подот и sидовите. Дрвениот мебел (All Bath), огледалото и декорацијата (Laboratorio) го надополнуваат Spa изгледот.
Целокупниот декор дише со топлина и шарм на француска куќа на село, која повикува на уживање во преубав амбиент.