Германецот Patrick Palcic кеираше часовник под името “Es Liegt was in Der Luft”, што во превод значи “Нешто во воздухот”, и понуди алтернативен начин на покажување на времето – преку мирис. “Мирисниот часовник му овозможува на корисникот да го почувствува времето на поинаков начин”, кажал Palcic. “Наместо времете да го читате како кај другите часовници, со помош на овој, времето можете да го мирисате.”
Наместо 12 сказалки, 12 мали дупчиња се направени на бакарната плоха. Така на секој час му е доделен поинаков мирис, кој се ослободува со помош на механизам. Парфемот на секој час се цеди во бакарниот овал, кој се врти и додатно го загрева мирисот. Исто така, како што металот оксидира, остава светли зраци на површината на овалот.