Moussa Moussa е млад француски дизајнер кој повеќе од година дена има свое сопствено студио во Париз, а сега по прв пат ја претставува неговата креација по името Лотус. Станува збор за 100% еколкошки лампи и лустер, кои се составени од 12 дрвени делови, ласерски сечени и направени од топола и храст. Дизајнот на оваа серија дозволува овие лустери и лампи да ги поставите на било кое место во домот и дворот.
Овие светлечки тела имаат за цел да внесат топлина во ентериерот, со помош на природното дрво и да го украсат.