Сликарот David Hockney, во една прилика кажал – “Мислам дека е многу добар совет, да верувате единствено во тоа што уметникот го создава, многу повеќе, од колку во тоа што тој го вели за своето дело”.
Вчера во Лондон во галеријата на “Tate Britain”, се отвори големата ретроспективна изложба – 60 години творештво на сликарот David Hockney. Масла, акрилик, цртежи, фотографии, цртежи на смартфони и многу други медиуми, во кој Hockney има работено. Тој е еден од најпознатите современи уметници и неговите дела се продаваат во милионски суми. Има 79 години и се уште слика секој ден.
Изложбата трае до 29 мај 2017 година.