Дизајнерот од Унгарија, Reka Neszmélyi, создаде неверојатни визит картички кои секој би ги посакал да ги остави на својот следен деловен партнер или партнерка.
Визит картичката, за фотографот Al’z Acs, со помош на лого уметникот Ádám Katy, многу е едноставна – само со e-mail адреса и логотип. Сепак, извонредниот визуелен ефект кој го опфаќа повеќе од половина на картичките, ја прави разликата – рефлектирачката фолија која ја менува бојата зависно од аголот на гледање и светлината, секоја визит картичка ја прави посебна и уникатна! Никогаш не се знае, која боја ќе се појави следна… Cool, зарем не?