Сите сакаме да ги дознаеме и пробаме новите трендови. И додека некои трендови се апсолутно фасцинантни за гледање на YouTube, после тоа заклучуваме, дека сепак бараат премногу време и труд од нашиот секојдневен живот. Ние ви олесниваме, драги наши дами, со тоа што ви укажуваме кои 6 тренда треба да ги оставите во 2016.!
Контурирање
Беше забавно едно време, ама знаете, работите отидоа без контрола…доволно е само малку суптилно руменило.
Агресивен стробинг
Некои сјајни нијанси на образите и јагодиците? Да , секако. Но металик линија која се гледа на три метри? Не, благодарам.
Инстаграм веѓи
Сите ги знаете. Можеби едно време и вие сте ги имале. Екстра големи, екстра темни и превисоко на лицето, како да сме се вратиле во 90-тите. Оваа година, природните се подобри и ќе се држиме до тоа што го имаме.
Белеење на лицето
Попознато и како лице наточено во пудра која се фиксира, ја оставаме да одстои и на крај се блендира. Знаеме дека шминката вака е подолготрајна, но исто така и со вештачки изглед.
Прецртување на усните
Со два збор – duck face . Постои тенка линија помеѓу пополнување на усните да изгледаат волуминозни и изглед кој како да имате алергиска реакција. Можеме ли сите во 2017, малку да ги одложиме моливите за усни?
Симетрични локни
Одложете го фенот за коса. Прескочете ја фен фризурата. Спијте повеќе. Оваа година се се врти околу природната текстура на вашата коса! – УРА!