Познатиот американски бренд за облека “GAP” минатата недела ја претстави новата кампања инспирирана од 90-те години од изминатиот век, за која ги ангажираа децата на познатите личности со надеж дека повторно ќе бидат популарни како некогаш. За новата кампања за пролет/лето 2017, модниот бренд одбра да ги вклучи децата на амбасадорите на брендот во 90-те, како што се Лизи Џегер (ќерка на Мик Џегер), Румер Вилис (ќерка на Деми Мур и Брус Вилис), Челзи Тајлер (ќерка на Стивен Тајлер), Коко Гордон (ќерка на Ким Гордон), но и Наоми Кемпбел. Кампањата носи наслов “Generation Gap”, а во продолжение погледнете некои од новите тексас модели.