Сите сме согласни дека е прекрасно чувството кога престојуваме во хотел со 5 sвезди. Од свежо испрана, мирислива и најмека постелнина, до совршените купатила и послуга…. не постои причина зошто не би ги сакале хотелите во кои е лесно да се биде хедонист.
Токму од таа причина, Zara Home ја креираше новата spring/summer 2017 колекција – инспирирана од хотелите. Колекцијата содржи софистициран, неутрален текстил и дизајн, кој го сакаме во својот дом – веднаш и сега. Погледнете во нашата галерија и откријте ги најдобрите парчиња.